Вилјареал и Мајорка одиграа нерешено 1-1 во рамки на 21. коло од шпанската Ла Лига заврши.
„Жолтата подморница“ до водство стигна во 46. минута од првото полувреме, а продолжи да напаѓа и во вториот дел, но не реализира дури 11 шанси. За разлика од нив, гостите погодија еднаш преку Лабрес во 91. минута за конечни 1-1.
Норвежанецот Александер Сорлот го доведе Виљареал во водство со гол во 45. минута.
Иако Мајорка не делуваше на тим кој може да го загрози домашниот гол (се обиде само еднаш во рамките), гостите сепак успеаја да постигнат гол и во самиот финиш се изборија за голем бод од ова гостување. Хавиер Љабрес беше херојот и шутираше прецизно во 91. минута, поставувајќи ги конечните 1-1.
Двата тима сега имаат по дваесет бодови. Виљареал е на 14. позизија во Примера, додека Мајорка е едно место подолу. Во следното коло „жолтата подморница“ оди на тешко гостување кај Барселона, додека Мајорка на домашен терен ќе го пречека тимот на Бетис.