Арсенал денеска во лондонското дерби го торпедира Кристал Палас со 5-0, а кошмарен ден имаше голманот на гостинската екипа Дин Хендерсон.
Хендерсон направи неколку катастрофални грешки во првото полувреме, а тоа скапо го чинеше Кристал Палас бидејќи Арсенал постигна два гола за водство од 2-0 до паузата.
Во второто полувреме Габриел Хесус го проигра Леандро Тросар, па Белгиецот погоди за 3-0 во 59. минута. До крајот Артета рутински го затвори натпреварот, направи пет измени за освежување и Арсенал не му дозволи премногу игра на ривалот. Конечниот резултат и победата се зголемија со двата голови на Габриел Мартинели во 94. и 95. минута од натпреварот за конечни (5-0).
Арсенал во моментов има 43 бодови, колку што имаат и Манчестер сити и Астон вила, додека Кристал Палас е на 14. место со 21 бод.