Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа на гостувањето кај Келн со 4-0 во рамки на 18. коло од германската Бундеслига, а на мечот блескаше Дониел Мален кој постигна два голови.
Мален во 12. минута ја затресе мрежата на „јарците“ за водство на Дортмунд, а потоа Келн имаше неколку шанси копи не ги искористи, па резултатот не се промени до крајот на првото полувреме.
Фулкруг и Мален на почетокот на вториот дел го зголемија водството на Дортмунд на 3-0, а победата ја запечати Мукоко самиот финиш во 92. минута од натпреварот.
„Милионерите“ со оваа победа се искачија на петтата позиција во Бундеслигата и имаат 33 бодови, додека Келн е претпоследен со 11 бода.
Останати резултати:
Дармштат – Ајнтрахт Франкфурт 2-2
Фрајбург – Хофенхајм 3-2
Хајденхајм – Волфсбург 1-1