Исланд даде отпор само на почетокот на дуелот, кога двапати го израмни резултатот (4-4), по што Франција го диктираше темпото на игра и на полувреме отиде со 17-14, а до крајот на средбата ја зголеми разликата на седум голови (39-32).
Најефикасни во победничката екипа беа Ричардсон и Фабрегас со по шест голови, додека по исто толку постигна Кристијансон, Рикардсон и Видарсон за Исланд.
Франција е прва во групата 1 со шест бодови, по што следи Австраја со три, Унгарија и Германија со два, Хрватска има еден, а Исланд е без освоен бод.