Хрватската ракометна репрезентација се собира на 11 април во пресрет на квалификациите за Светското првенство против Финска, а неколку играчи се принудени да ги откажат настапите поради повреди .

Традиционално, во вториот дел од сезоната има зголемен број на повреди кај игрчите кои веќе се доста истрошени од постојаното играње.

Хрвоје Хорват исто така се соочува со проблеми во пресрет на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Финска, а неколку играчи се откажани поради повреда.

Против Финска нема да можат да настапат Иван Чупиќ, Иван Мартиновиќ, Звонимир Срна, Давид Мандиќ и Марин Шипиќ. Од резервниот список потоа се повикани Давор Чавар и Владо Матановиќ од Загреб и Матео Мараш од Еурофарм Пелистер.

Првиот натпревар ќе се игра во Финска на 13 или 14 април годинава, а реваншот е закажан за 16 април во Арена Вараждин со почеток во 18 часот.