Борис Тот на социјалните мрежи се огласи за смртта на неговиот брат Денис, кој почина во Скопје
Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на 27-годишна возраст. Иако прво стигна информација дека причина за смртта би можеле да бидат последиците од тепање во ноќен клуб, се чини дека Денис починал од срцев удар.
Македонските медиуми првично објавија дека тој пристигнал во болница во тешка состојба по тепачка во клубот, но од скопската болница и македонското МВР тоа го демантираа, велејќи дека нема траги на насилство и дека Тот бил донесен во болница во критична состојба , после срцев удар.. Ова сега го потврди и неговиот брат Борис.
„Многу ви благодарам господа новинари за „професионално завршената работа. Може само да ви биде срам поради ширење дезинформации во јавноста и да ширите лаги за собирање кликови. Денис почина од срцев удар, а не од никакви телесни повреди, тепачки и други глупости кои во текот на денот беа пишувани . Срамота да се изгради публицитет на туѓа несреќа“, објави Борис Тот на социјалните мрежи, ставајќи крај на шпекулациите кои кружеа во текот на денот.