Фудбалерот на Баерн Минхен и канадската репрезентација Алфонсо Дејвис (21) во живо пренесуваше како ја игра видео играта ФИФА 22.

„Ти си Роналдо. Еден од најдобрите играчи на сите времиња. А како се вика твојот капитен? Хари Мегваер е твојот капитен? А ти му велиш „да, капетане“? Не го напаѓам Мегваер. Но Роналдо треба да ја добие капитенската лента“, изјави Дејвис.