Евертон оствари важна победа во борбата за опстанок откако на „Гудисон парк“ го совлада Манчестер Јунајтед со 1-0.

Ентони Гордон во 27.минута беше стрелец на победничкиот гол за Евертон. Тој упати силен удар од дваесетина метри, топката удри во Хари Мегваер и го смени правецот изненадувајќи го Давид де Хеа.

Манчестер Јунајтед можеше до израмнување во судиското продолжение, кога шутираше Кристијано Роналдо, но Пикфорд успеа да одбрани.

https://twitter.com/D9INE_GOAL_/status/1512762827198840838?s=20&t=8kdsVDXxIzEirDx1E6DqVQ