Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, вели дека тој и неговите играчи си ја гледаат својата работата, но дека сигурно ќе го следат резултатот од вечерашното дерби на „Енфилд Роуд“ помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Сити е лидер на табелата со бод предност во однос на Ливерпул, а соседите би можеле да му направат голема услуга доколку од дербито се вратат без пораз. Гвардиола вели дека ќе го гледа натпреварот, и дека ќе навива за Јунајтед.
„Ќе гледам како навивач, од фотелја, сигурно ќе бидам дома. Сакам да го знам резултатот и би сакал Јунајтед да освои бодови, но тоа сигурно нема да промени ништо доколку не го одработиме својот дел во следните натпревари“, вели шпанскиот стратег.
Големото дерби на англискиот фудбал започнува од 21:00 часот, а истото ќе го пропушти Роналдо, поради големата трагедија која што ѝ се случи на неговoто семејство.