Екипата на Дејвид Бекам, Интер Мајами го победи Реал Солт Лејк со 2-0 во првиот натпревар од новата сезона во американската МЛС, но куриозитет е тоа што ниеден од двата гола не постигнаа најголемите ѕвезди на тимот од Флорида.

Зимава се собра квартетот од Барселона на едно место, така што покрај Меси, Бускетс и Алба, тука е и Луис Суарез, па Интер Мајами се смета за еден од главните фаворити за титулата. Ноќеска, головите ги постигна финскиот репрезентативец Роберт Тејлор и Парагваецот, Диего Гомес, а им асистираа Меси за првиот и Суарез за вториот гол.

 

Реал Солт Лејк не беше премногу опасен, само два пати шутна кон противничкиот гол и не ја загрози победата на домашниот тим. Својот следен натпревар, Интер Мајами го игра на 26 февруари против поранешниот клуб на Дејвид Бекам, Лос Анџелес Галакси.