Најдобриот светски голгетер во моментов, гол машината Ерлинг Браут Халанд во минатата деби сезона за Манчестер сити освои „триплета“, за две години ќе си замине од „Итихад“ и ќе ја засили Барселона, тврди англискиот новинар Грем Бејли.
Според информациите на Бејли, Халанд веќе имал начелен договор за доаѓање во Каталонија, а за овој бомбастичен трансфер Барса ќе плати 175 милиони евра. Оваа вест делува нереално, најмногу поради финансиската криза на Барса и прашање е дали воопшто ќе има толку пари за да плати за Норвежанецот.
Каталонците се согласиле да ја активираат откупната клаузула веднаш откако таа ќе стапи на сила во летото за две години.
Халанд лани имаше 52 гола на 53 натпревари и ги урна сите можни рекорди во Премиерлигата.