Екипата на Пари Сен Жермен и понатаму се наоѓа во Јапонија, на претсезонски подготовки и разбирливо дека е голема атракција за тамошните фудбалски фанатици. Тренинзите на францускиот тим се полни со публика, која се воодушевува од тоа што го гледа, а еден таков момент понудија на синоќешниот тренинг.
Лионел Меси и Килијан Мбапе почнаа да везат на теренот, да демонстрираат извонредна соработка, покрај талентот кој неспорно го имаат. Направија неколку атрактивни додавања, постигнаа голови и на трибините се слушна воодушевување.