Олександр Зинченко од Манчестер сити прави трансфер во редовите на Арсенал за 30 милиони фунти, плус 2 милиони во бонуси.

Украинецот ќе потпише четиригодишен договор со „топчиите“. Левиот бек играше во Сити уште од 2016 година, со тоа што една сезона беше позајмен во ПСВ Ајндховен.

За „граѓаните“ одигра 128 натпревари во кариерата и постигна два гола. Зинченко е вториот играч на шампионот што летово потпишува за Арсенал по Габриел Жесус.