Динамо Загреб со втора победа над Карабах, овој пат во Азербејџан (0-2) обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што ќе биде деветто учество на завршницата во елитата за хрватските „сини“ од 1998 до денес.
Најдобриот клуб на Балканот во моментов кога се говори за настапите во Европа оствари уште една групна фаза со две победи. По убедливиот триумф во Загреб, Динамо беше сигурен и во Азербејџан и славеше со два гола разлика. Триумфот го најави Марко Пјаца со голот во 33. минута, додека во 54. минута Матеус Силва си постигна автогол. Карабах го заврши мечот и со играч помалку поради црвен картон на Медина.
Со влезот во групната фаза клубот ќе заработи минимум 18,6 милиони евра од УЕФА. Клупскиот пласман, десетгодишниот коефициент и учеството од маркетингот на Динамо ќе му донесат и додатни 10 милиони евра.
Во Динамо Загреб настапуваат двајца поранешни македонски репрезентативци, тоа се Аријан Адеми и Стефан Ристовски.