Партизан забележа уште еден неуспех на меѓународна сцена и ги заврши настапите во Конференциската лига. „Црно-белите“ од Белград во плеј-офот од третото по ранг натпреварување на УЕФА повторно загуби од Гент џсега на гости и не успеа да се пласира во групната фаза.
По поразот пред својата публика од 0-1, вечерва српскиот вицешампион немаше сили за изненадување во Белгија и со нов пораз од 1-0 заврши уште една неуспешна европска авантура. Одлучувачкиот момент на натпреварот во Гент се случи во 88. минута, кога Делорж-Книпер го совлада голманот Јовановиќ за 1-0.
Пласман во групната фаза во Конференциската лига обезбеди и турски Башакшехир, откако по ремито на гости во Ирска од 0-0, пред својата публика славеше сигурна победа од 2-0 над Сент Патрикс.