Барселона со пресврт стигна до важна победа (2-1) против Алавес и се наоѓа на третата позиција на табелата со 30 бода, два помалку од Реал Мадрид и четири помалку од сензационалниот лидер каталонската Џирона.

Барселона го совлада Алавес со 2-1 во 13. коло од Ла Лига, иако губеше од самиот старт на натпреварот. Колку што е вредна победата уште поважно е и враќањето на Роберт Левандовски како стрелец по апстиненција од месец и пол.

Гостите ја расипаа забавата на домашните фанови на „Монжуик“ со гол уште по 17 секунди на семафорот. Омородион реализираше по брзиот трк од центар за гостите и најави уште едно проблематично неделно попладне за екипата на Барса, која се мачи со настапите во последениов период.

Иако Барселона имаше голема иницијатива и понекоја шанса сепак првото полувреме заврши со истиот резултат. Во вториот дел Барса изврши голем притисок, па Левандовски изедначи со прекрасен удар со глава, по центаршут на Кунде. Целосен пресврт Лева, направи од белата точка,  со гол во 78. минута.

Левандовски имаше голгетерски пост од шест натпревари, во меѓувреме имаше и три меча кои ги пропушти поради повреда, па помина месец и пол од неговиот последен гол. Со овие два гола стигна до девет, еден помалку од лидерот меѓу стрелците во Ла Лига, Џуд Белингем.

Барса сега има 30 бода, на третата позиција, два помалку од второпласираниот Реал и четири од сензационалниот лидер Џирона.