Баер Леверкузен, го декласира германскиот учесник во Лигата на шампионите, Унион Берлин со 4-0. Тоа беше 11. победа по ред за „фармацевтите“ предводени од стратегот Чаби Алонсо во сите конкуренции.

Гостите од Берлин издржаа 22 минути на силниот налет на Леверкузен, а во следната го примија првиот гол, дело на шпанскиот интернационалец Грималдо.

Во второто полувреме Косуну, Тах и Теља ја направија победата уште поубедлива. Леверкузен има 11 победи и еден нерешен натпревар по 12 кола во Бундеслигата оваа сезона, ремизирајќи само против Баерн Минхен. Баер е единствената непоразена екипа во Бундес лигата.

Во низа се од шест победи во Бундеслигата, на кои ако се додадат натпреварите од Лига Европа и Купот на Германија, доаѓаме до фантастична низа од 11 победи едноподруго во сите натпреварувања. Баерн е втор на табелата со 29 бода, два помалку од лидерот.

Четата на Чаби Алонсо има 31 бод, два повеќе од второпласираниот Баерн Минхен.