Ливерпул без поголеми проблеми ги освои трите бода против Брентфорд, славејќи убедлив триумф од 3-0.
Во првиот половина час Дарвин Нуњез даде два гола, но и двата му беа поништени поради офсајд.
На пет минути до крајот Нуњез асистираше до Салах кој погоди за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 62. минута Салах постигна уште еден гол и ја зголеми предноста на 2-0. а 12 минути подоцна Диого Жота стрелаше за конечни 3-0.
Брајтон пропушти победа против Шефилд јунајтед, одигра само 1-1. поведе со гол на Дингра уште во шестата минута.
Но натпреварот доби поинаков тек од 69. минута кога Дахуд заработи црвен картон. Шефилд изврши притисок за израмнување, а до гол дојде во 73. минута кога Вебстер со автогол ја затресе сопствената мрежа.
Астон Вила со 3-1 го совлада Фулам. Робинсон постигна автогол во 27. минута, на три минути пред крајот на првото полувреме Мекгин постигна убав гол од далечина за 2-0.
Воткинс во 64. минута донесе предност за Астон Вила и од 3-0, а Фулам до крајот на дуелот преку Хименез само го ублажи поразот.
Најмногу голови имаше во Лондон каде Вест Хем со 3-2 го совлада Нотингем форест.
Чеканите поведоа уште во третата минута со гол на Пакета. Пред самиот крај на првото полувреме Нотингем форест изедначи на 1-1 со погодок на Авони.
Во 63. минута Еланга погоди за комплетен пресврт и водство на Нотингем форест од 2-1, а две минути подоцна Боуен изедначи на 1-1.
Пред самиот крај, во 88. минута Соучек реализираше за нов пресврт и победа на Вест Хем од 3-2.