Столчето на тренерот Руди Гарсија силно се тресе, а нема да биде изненадување и ако добие отказ наскоро.
Наполи денеска беше огромен фаворит против Емполи кој беше во зоната за испаѓање, но успеа да го загуби дуелот.
Елиф Елмас доби шанса од првата минута, но беше изваден во 54. минута кога на негово место влезе Кварацхелија.
Емполи ја обезбеди победата со прекрасен гол на Коваленко во 91. минута од натпреварот.