Црвена ѕвезда и Партизан го играат 167-то вечно дерби, дуел кој може да реши многу дилеми околу тоа кој тим е многу поблиску до освојување на титулата. По одиграни 30 кола, Ѕвезда е лидер со 81 бодови, додека Партизан заостанува два бода на второто место. Црно-белите во минатото коло киксираа и одиграа само нерешено против Чукарички, па сега за да го превземат лидерското место ќе мора да бркаат триумф на „Рајко Митиќ“ против најголемиот ривал.

Актуелниот првак Црвена ѕвезда сезонава дома игра одлично и во 15 меча има 13 победи и само две нерешени, а прими само четири гола. Партизан е тимот со најдобра одбрана и во 30 кола само 10 пати се тресеше неговата мрежа. Освен овие факти за цврстата одбрана на двата тима, традицијата потврдува дека не треба да има многу голови.

Последните девет меча на вечните ривали завршиле со максиум два гола, а на 14 од последните 16 средби било со 0-2 погодоци. Едноставно, ако една екипа даде гол, речиси невозможно е да загуби.