Џанлука Манчини со бомба од дваесетина метри, буквално го дотепа „ранетиот лав“ Јувентус од Торино, кој игра со минус 15 бодови како казна за финансиските малверзации на управата.
Шансите барем за реми на гостите целосно пропаднаа во самиот финиш, најмногу поради глупоста на Моис Кин, кој доби црвен картон во 90 мин. по само 37 секунди откако влезе во игра.
Рома се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија со 47 бодови, колку што има и актуелниот првакМилан, а еден помалку од градскиот ривал Лацио.
https://twitter.com/Sup3rbobb/status/1632496187407310849?s=20