Екс-италијанскиот првак Интер дојде до сигурна и очекувана победа против Лече со 2-0 и ја намали предноста на Наполи на 15 бода па се врати на второто место во Серија А.
Хенрик Мхтаријан во 29-та минута постигна еврогол (голот ТУКА) и Лаутаро Мартинез осум минути по стартот на вториот дел (голот ТУКА) на Интер му ја донесоа 16-та сезонска победа. „Нераѕурите“ сега дојдоа до 50 бода, два повеќе од Лацио, три пред градскиот ривал Милан, и Рома.
За Лече ова беше десетти пораз сезонава и остана на 27 бода, девет над опасната зона.