Реал Мадрид одигра само нерешено на гостувањето во Севиља кај Бетис (0-0), сега имаат девет бодови помалку во однос на лидерот Барселона.
„Кралевите“ ја затресоа мрежата на противникот веќе по само 12 минути игра (види ТУКА), кога Карим Бензема со прекрасен удар ја погоди мрежата на Бетис. Но, радоста траеше кратко, имаше повик од ВАР-собата, а потоа погодокот беше поништен. Причина за тоа беше играта со рака на еден од гостинските фудбалери залепени до живиот ѕид на Бетис, која беше минимална, но доволна топката малку да го промени правецот и да заврши во десниот горен агол на голманот Браво.
Браво беше најзаслужен што Реал Мадрид до крајот не постигна гол, откако со неколку фантастични интервенции ги спречи гостинските напаѓачи. Тимот од Мадрид бараше пенал во 79. минута по еден остар старт врз Бензема, но ВАР во оваа ситуација остана нем, односно не го повика главниот судија да ја прегледа ситуацијата.
Составот од Севилја, со овој бод остана на петтата позиција, и држи чекор со екипите кои се на позициите кои водат во ЛШ следната сезона.