Вечерва од 21:00 часот се игра ново „Ел Класико“ помеѓу шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а шпанските медиуми пред натпреварот ги најавуваат можните состави.

Едно од отворените прашања е дали хрватскиот ветеран Лука Модриќ ќе биде од првата минута на теренот. Ако му веруваме на „Мундо Депортиво“, Модриќ ќе стартува од клупата, додека Карло Анчелоти ќе се одлучи за следните 11:

Лунин, Лукас, Милитао, Ридигер, Менди, Чуамени, Камавинга, Валверде, Белингем, Мбапе и Винисиус.

„АС“ пак остава дилема Камавинга или Модриќ, додека со остатокот од тимот се согласува.

Кога во прашање е Барселона се очекува Ханси Флик на теренот да ги испрати:

Инаки Пена, Кунде, Кубарси, Мартинез, Балде, Касадо, Педри, Олмо или Фермин Лопез, Јамал, Рафиња и Левандовски.

По десет одиграни кола Барселона е лидер со 27 бода, додека Реал е на 24 бодови.