Екипата на Саутхемптон го намачи големиот фаворит Манчестер Сити, но фаворитот на крајот сепак ги освои трите бода во денешниот натпревар од деветтото коло во Премиер лигата.

Не изгледаше дека избраниците на Гвардиола ќе имаат проблеми кога Халанд ја погоди мрежата на гостите по само пет минути игра, но тој гол се покажа и како единствен на натпреварот.

Имаше Саутемптон добри прилики за израмнување, а најголемата ја пропушти Арчер кој по една контра ја погоди пречката од голот на Едерсон.

По овој триумф Манчестер Сити барем до утре и дербито помеѓу Арсенал и Ливерпул ќе остане лидер на табелата.

Најефикасниот натпревар денеска во Премиер лигата го одиграа Брентфорд и Ипсвич во кој на крајот славеа домаќините со 4-3.

Ипсвич по половина час водеше со 0-2. Стрелци беа Смодик и Хирст, додека Брентфод во завршницата од првиот дел постигна два гола во две минути преку Виса и Кларк за 2-2. На стартот од вториот дел Мбуемо погоди за целосен пресврт, а Делап погоди за 3-3. Победата за Брентфорд длабоко во судиското продолжение ја обезбеди Мбуемо со својот втор гол на натпреварот. Гостите од 69. минута играа и со играч помалку бидејќи исклучен беше Кларк.

На останатите натпревари Астон Вила и Бормут одиграа 1-1, немаше победник и на дуелот Брајтон – Вулвс кој заврши 2-2.