Кошаркарите на Барселона се искачија на првото место на табелата во Евролига, откако со голема мака го совладаа Асвел на домашен терен со 90-83.

Во најголем дел од натпреварот, „каталонците“ се наоѓаа во негатива, но во последниот период направија серија од 7-0 за водство од 83-79. Конечните +7 беа највисока предност за Барселона на овој натпревар, а повторно ситуацијата ја спаси Кевин Пантер кој беше најефикасен со 20 поени. Пантер за Барса постигна 20 поени, а Маледон со 21 поен беше најефикасен кај Асвел.

За разлика од Барса, Олимпијакос не успеа да се спаси од бламажа и загуби на гости кај Баерн со 80-84 и покрај тоа што по серијата од 15-0, првото полувреме го заврши со водство од 43-32. Германскиот шампион во вториот дел одигра многу поквалитетно, успеа да направи пресврт и да дојде до важна победа.

Олимпијакос не игра според очекувањата на стартот од сезоната и покрај тоа што пред нејзиниот почеток значително се засили и донесе голем број европски и светски ѕвезди. По пет кола има биланс 2/3, а допрва му претстојат најтешките дуели, како оној против Реал во вторник.

Панатенаикос го совлада Фенербахче во Истанбул с0 81-76.

Изненадување направи Баерн Минхен со триумфот над Олимпијакос од 84:80.