Германската фудбалска легенда, Мирослав Клозе оваа сезона е тренер на Нирнберг, повеќекратен шампион на Германија, кој веќе некое време е надвор од елитната конкуренција.
Клозе се обидува да донесе позитивна енергија и подобри времиња за клубот, а во последно време добро му оди затоа што Нирнберг врза три победи од кои се издвојува оваа против Регензбург во дуелот на кој паднаа дури 11 голови.
Домаќините во еден луд и отворен дуел триумфираа со 8:3 иако резултатот до 59 минута беше 3:3. Тимот на Клозе водеше со 2-0, гостите се вратија и израмнија на 2-2, но во судиското продолжение на првиот дел фаворитот дојде до нова позитива 3-2.
Прогер во 49 минута погоди за 3-3, а потоа домашните фудбалери со фуриозна игра во последниот половина час го потопија противникот.
Со 16 бода Нирнберг е на 6. место на табелата.