Џад Белингам, се очекува да биде главна ѕвезда во летниот преоден рок за кого ќе водат војна Ливерпул и Реал Мадрид, но Кралевите веќе го направија првиот конкретен чекор.
Весникот „Ас“ пишува дека Реал Мадрид веќе ја започнал „операцијата Белингем“, и член на управата во Дортмунд имал средба со фудбалерот и неговото семејство за да им ги објасни плановите на тимот, зошто Белингем треба да го избере шпанскиот тим, како и да ги отстрани евентуалните дилеми што ги има играчот.
Пред реванш натпреварот од осминфиналето во ЛШ меѓу Челси и Борусија Дортмунд, шефот на скаутинг службата на Реал Мадрид, Јуни Калафат, на 7. март во Лондон имал средба со таткото на фудбалерот, на кој повторно било разговарано за евентуалниот трансфер и за улогата на Белингам во тимот на Кралевите.
Белингам сè уште нема донесено конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, во Реал Мадрид кој веќе ги направи првите конкретни чекори или во Ливерпул, што е сон за фудбалерот.
И двата тима се подготвени да и платат отштета на Борусија поголема од 100 милиони евра, а Реал е подготвен дури и да го собори клупскиот рекорд и да понуди 140 милиони. Досегашниот рекорд е трансферот на Еден Азар од Челзи за 115 милиони евра.