Франција не блескаше во првиот натпревар на Европското првенство во Германија. Французите важат за втор најголем фаворит на овој турнир, но со помош на автогол ја совладаа Австрија минимално со 1-0.
Французите не покажаа многу на увертирата на Европското првенство. Се мачеа да дојдат до водство, а тоа се случи со помош на противнички фудбалер.
По еден центаршут на Мбапе во 38. минута, несреќниот Вебер со глава си постигна автогол за водство на Франција од 1-0, што беше и конечен резултат.
Франција имаше неколку големи шанси за гол, особено за издвојување е моментот кога Мбапе во второто полувреме излезе еден на еден со австрискиот голман, но биеше крај голот.
Нголо Канте одигра одличен натпревар, го имаше насекаде на теренот, со својата пожртвувана игра спаси неколку акции на Австријците кои можеа да донесат израмнување.
На крајот Франција ја оствари целта, ги освои трите бода и може да биде задоволна поради тоа.