Фудбалерите на Милан синоќа победија на гостувањето во Бергамо Аталанта со 3: 2, во последниот меч од седмото коло во Серија А.
Милан поведе во 28. секунда со голот на Давиде Калабрија, а предноста ја удвои Сандро Тонали во 43. минута. Третиот гол го постигна Рафаел Леао во 78. минута.
Аталанта постигна два гола до крајот, Дуван Запата беше стрелец во 86. минута од пенал, а потоа асистираше до Марио Пашалиќ со гол во третата минута од продолжението.
Милан има шест победи и е втор на табелата со 19 бода.
Аталанта е без победа во последните два натпревари, а по вториот пораз во лигата се најде на осмото место на табелата со 11 бодови.