Македонската фудбалска репрезентација последниот триумф ја оствари токму против Ерменија на 17 октомври 2023 година, а сега против истиот противник денес од 20.45 часот ќе се обиде да стигне до првата победа во новото издание на Лигата на нации.
Македонија разочара на стартот на натпреварувањето пред три дена, кога одигра нерешено на гостински терен кај Фарски Острови (1-1), иако беше фаворит во дуелот, меѓутоа избраниците на Благоја Милевски имаа дури и негатива во дуелот.
Ерменија не помина добро во последните два натпревари против Македонија, односно освен поразот од 1-3 во октомври, претходно доби и „петарда“ во 2021 година во квалификациите за Светското првенство (СП).
Селекторот Милевски најави дека дуелот против Ерменија ќе биде најважен во групата затоа што тоа ни бил директен конкурент за првата позиција, но нашите репрезентативци ќе мора да бидат внимателни со оглед на тоа дека Ерменија е во мини-серија од две победи по ред и сигурно нема лесно да се предаде во Скопје.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра вечерва од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.