Елмас конечно доби шанса од првата минута и се потруди да ја оправда довербата на тренерот Лучано Спалети, а по натпреварот му се заблагодари затоа што верувал во него.
„Ова беше тежок период за мене. Се изненадив затоа што не играв долго време, но сепак му благодарам на Спалети за довербата. Секогаш сум подготвен кога ќе ме повика тренерот, но во последно време бев нервозен затоа што играв малку, меѓутоа секогаш кога ќе добијам шанса, ќе дадам 100 отсто од себе“, вели Елмас.
Наполи е прв на табелата во Серија А со 35 бодови, односно осум повеќе од Аталанта.