Шалке игра катастрофално оваа сезона и вечерва го запиша деветтиот пораз, откако од нив беше подобар Вердер Бремен (1-2), па така екипата од Гелзенкирхен се наоѓа на добар пат кон испаѓање од Бундеслигата.
Гостите во 16. минута ја погодија мрежата на Вердер, но нивната радост не траеше долго затоа што ВАР-технологијата поради офсајд им го поништи голот, по што водство на домаќинот му донесе Фулкруг.
Вердер успешно се бранеше од очајните напади на Шалке, а притоа го казни и со втор гол во 76. минута кога Дукш погоди за победа од 2-0.
Шалке е последен на табелата со шест бодови, додека Вердер се наоѓа на седмата позиција со 21 бод.