Лионел Меси во понеделникот во Париз ја освои седмата Златна топка на Франс Фудбалот. Тој заврши пред Роберт Левандовски и Жоргињо.
По доделувањето на наградата, Аргентинецот приреди забава во близина на Ајфеловата кула, на која беа поканети соиграчите од ПСЖ со своите сопруги. На забавата не беа присутни Мауро Икарди и Ванда Нара.
Аргентинските медиуми пишуваат дека Меси не ги повикал Икарди и Нара.
„Икарди не беше поканет на прославата на Златната топка на Меси“, напиша ТВ водителот Анхел Брито на Твитер.
Икарди сепак им честиташе на колегите од ПСЖ. На Инстаграм објави честитка до Меси и најдобриот голман на Франс Фудбал Џанлуиџи Донарума.
Да потсетиме, Икарди и Нара имаа големи брачни расправии. Во средината на октомври, Ванда го обвини својот сопруг дека изневерува објавувајќи на Инстаграм.
По неколку турбулентни недели, парот се смири.