Екипата на Баерн Минхен со минимални 1-0 триумфираше на гостувањето кај Келн, стрелец на единствениот погодок беше Хари Кејн.
Новото коло во Бундеслигата вечерва го отворија Келн и Баерн Минхен, а баварскиот тим со цел плен си оди дома.
Хари Кејн игра неверојатна деби сезона во Баерн Минхен, постојано ги тресе мрежите и Англичанецот потврдува дека вреди за се што е вложено во него.
Го постигна единствениот гол во 20. минута и донесе победа од 1-0 за Баерн..
Кејн е прв на листата на стрелци во Бундеслигата со дури 18 голови, а има и пет асистенции.