Фудбалската репрезентација младите надежи на Аргентина влезе меѓу четирите најдобри на У17 Светското првенство што се одржува во Индонезија откако денес го совлада Бразил со 3-0.
Херој на натпреварот беше новата надеж на Ривер Плата, Кристијан Ечевери, во татковината попознат како „малиот ѓавол“ кој ги постигна сите три гола. Резултатот го отвори во 28. минута, потоа постигна уште два гола во 58 и во 71. за три минути подоцна триумфално да го напушти теренот. До крајот, Бразил не успеа да постигне ниту еден гол, а победата на Аргентина во ниеден момент не беше доведена во прашање. Ечевери е најдобар стрелец на Светското првенство со пет гола.
Во полуфиналето, „гаучосите“ ќе играат со Германија која триумфираше во европското дерби со Шпанија со 1-0.