На денешен ден пред 31 годинa Црвена Звезда го направи најголемиот успех во југословенскиот клупски фудбал, откако славеше победа во финалето на Купот на европските шампиони одиграно во Бари против францускиот гигант Олимпик Марсеј.
29 мај 1991 година скоро секој фан на Црвена Звезда уште долго ќе го памети, а тогаш не постоеше Македонец кој не беше горд на Илија Најдоски и Дарко Панчев кои беа дел од таа феноменална генерација на Звезда предводена од Љупко Петровиќ.
По 120 минути игра голови немаше па победникот мораше да се реши по изведувањето на пеналите, а таму одлучувачкиот пенал го погоди токму нашиот Панчев за огромна радост на целата нација.