Фудбалските успеси на хрватската репрезентација најмногу ги искористи убавата Ивана Кнол, која е вистинска атракција во Катар. Каде и да се појави, привлекува огромно внимание и стотици луѓе сакаат да се фотографираат со нејзе како да е најголема ѕвезда на Мундијалот.
Таа е главна на трибините кога игра Хрватска, а треба да биде подготвена и за утрешното полуфинале против Аргентина.
Коцкестите во четвртфиналето го елиминираа Бразил, а тогаш проструи веста дека Ивана ветила дека ќе се соблече гола, доколку Хрватска стане светски првак. Оваа вест ја демантираше атрактивната девојка, но тоа не значи дека тие што навиваа за единствената балканска селекција која остана на Мундијалот сега да се откажат.