На социјалните мрежи се појави едно видео на кое може да се забележи како неколку фудбалери на прволигашот Струга Трим Лум спасуваат куче од реката Црн Дрим.

Еден од фудбалерите се симна на скалите по што го повлече кучето кон брегот, а потоа му помогнаа колегите за да го извлечат.