Борусија Дортмунд убедливо триумфираше во дербито против Борусија Менхенгладбах со 5-2 во 32. коло од германската Бундеслига и остана во битката за титулата.
Дортмунд ја најави победата уште на стартот, кога Мален погоди за 1-0, а потоа Але изнуди пенал кој го реализираше Белингам во 18. минута за 2-0.
Але набрзо постигна два гола во мрежата на гостите, и тоа во 20 и 32. минута, па „милионерите на полувремето заминаа со убедливо водство од 4-0.
Гостите од Менхенгладбах преку Бенсебаини во 75. минута од пенал намалија на 1-4, а потоа Штиндл стрелаше за 2-4 со што ја врати надежта дека можат да се спасат од пораз.
До крајот на натпреварот Дортмунд не дозволи нов гол на гостите, а притоа преку Рејна погоди за конечни 5-2 и освои нови три бода во трката за титула.
Дортмунд е втор во Бундеслигата со 67 бодови, односно еден помалку од Баерн Минхен.