Фудбалерите на Штутгарт забележаа голема победа за бегство од последното место и остана во трката за опстанок во Бунделигата. Во дербито на дното го победи Бохум со 3-2, и дојде на само три бода од противникот кој е прв во сигурната зона.
После долг пост „швабите“ стигнаа до многу важен и значаен триумф, кој многу ќе влијае и психолошки во завршните седум натпревари од сезоната. Штутгарт сега има 23 бода, Бохум е прв над нив со 26, колку што има и Хофенхајм, додека Херта и Шалке се најслаби со по 22 бода.
Ито по 14 минути ја најави победата, Бохум израмни во 57-та, клуч за триумфот на „швабите“ беше триминутниот блесок после еден час игра. Гираси и Вагноман дадоа по еден гол во 60-та и 63-та минута за да ја обезбедат победата. До крајот Хофман пет минути пред завршување на натпреварот погоди за да ја намали предноста, но Бохум немаше сила да се извлече за барем бод.