Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, би можел да го напушти тимот на „граѓаните“ во летниот преоден рок. Раководството на англискиот клуб е согласно да го продаде играчот за сума од 65 милиони евра.
За услугите на португалскиот репрезентативец Бернардо Силва сериозно е заинтересирана Барселона. Во зимскиот преоден рок каталонскиот тим веќе му се обрати на Сити за негово купување и понуди 70 милиони евра, но од Сити ја одбија понудата.
Барселона се уште е заинтересирана за Португалецот и би можела повторно да се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на лето. Актуелниот договор на Силва има важност до летото 2025 година.
Силва има 28 години, сезонава одигра 37 натпревари за Манчестер Сити, постигна четири гола и забележа пет асистенции.