Новата фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем е прогласен за најдобар играч на сезоната во шпанската лига.

Белингем се покажа како вистинска инвестиција на Реал Мадрид, Англичанецот покрај извонредната игра во средниот ред, успеа да постигне и дури 19 голови, а имаше и шест асистенции. Тој заслужено е прогласен за играч на сезоната во Ла Лига.