Италија е полуфиналната пречка за фудбалската репрезентација на Македонија на патот кон Катар. На вчерашниот ждреб нашиот национален тим доби екстремно тешки ривали во обидот да ја оствари конечната цел – да се пласира на мундијалот.
Сепак, Енис Барди, вели дека најважно е фудбалерите да веруваат во себе.
„Треба да бидеме силни на психички план и да веруваме дека можеме да ја оствариме целта. Во денешниот фудбал ништо не е невозможно. Ќе се подготвиме добро и ќе ги анализираме нивните добри и лоши страни, како и за секој противник“, вели фудбалерот на Леванте.
Македонија на 24 март ќе и гостува на Италија, а пет дена подоцна, доколку успее да се избори за финале од баражот, повторно ќе биде гостин кај победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.