Навивачи на Ливерпул вчера попладне останаа шокирани откако летот со „Изи Џет“ кон Париз за вечерашното финале во Лигата на шампионите им беше откажан, па тринаесетмината фанови на „црвените“ мораа да се снаоѓаат како да стигнат до француската метропола и го одбраа најурнебесниот начин.
Не знаејќи прво што да направат откако летот им беше откажан, приврзаниците на Ливерпул тргнаа на лудо патешествие и тоа со – глисер. Преку Ла Манш за да стигнат до францускиот брег, а оттаму потоа да најдат начин за да дојдат до Париз.
Тие од Ливерпул дошле до Лондон, а еден од навивачите имал пријател кој живеел на островите Џерси, па имал глисер и така ја договориле турата за да ги пренесе преку Ла Манш. Од Лондон стигнале до Џерси, а оттаму пријателот на еден од навивачите ги пренел до Сент Мало.
„Неколку навивачи кои живеат во Џерс слушнаа за оваа авантура, па ни се придружија. По пат наидовме на неколку делфини, со воз преку Рен ќе дојдеме до Париз“, вели еден од навивачите.