Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудувања и пресврти, успеа да забележи победа од 3-2 над соодветната селекција на Кипар, на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.
Нашите фудбалери по првите 26. минути од средбата имаа негатива од два гола, но до крајот на средбата направија комплетен пресврт, постигнаа три погодоци и славеа победа.
Шабан Зенку во 40. минута успеа да го намали водството на противникот. Со негатива од еден погодок се замина на полувреме.
Во продолжението од мечот, Македонија играше одлично, создаваше шанси и во последните осум минути од средбата успеа да го скрши отпорот на противникот. Во 83. минута Зани Назифи погоди за 2-2. Во 90. минута, Марко Стоилевски постигна гол за победа и голема радост на Македонија.
Македонија: Стефан Тасев, Максим Милошевски, Давор Серафимов, Ардијан Османи, Суфијан Чајани, Матеј Ангелов, Мартин Горгиевски, Леон Тасов, Дашмир Елези, Шабан Зенку, Михаил Талевски;