Фудбалерите на Лацио се изборија за пласман во групната фаза од Лига Европа, додека Фиорентина ќе игра во Лигата на конференции.
Тоа беше епилогот од синоќешните натпревари во Серија А, откако Лацио одигра 3:3 на домашен терен против Верона, додека Фиорентина славеше против Јуве со 1:0.
Но она што беше најголемо изненадување е Аталанта, која добар дел беше во горниот дел од табелата, но на крајот загуби на домашен терен од Емполи 0:1 и остана без излез во Европа.