Дербито во четвртото коло од Бундеслигата меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд донесе седум гола и гостинска победа на „БајАрена“ (3-4).
Резултатот беше отворен во 9. минута кога погоди Флориан Вирц и обезбеди радост за „фармацевтите“. Халанд ја продолжи серијата погодоци и со глава ја затресе мрежата на противникот.
Домаќинот одново стигна до предност во надополнувањето од првиот дел. Патрик Шик погоди за 2-1, а Јулиан Брандт израмни за гостите. Трето водство за Баер обезбеди Муса Диаби. Следуваше подобро издание на „милионерите“, кои до крајот реализираа двапати. Рафаел Гераро израмни, а Халанд од пенал стрелаше за цел плен за гостинската екипа.