Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, беше најбрз на спринт-трката која во Монца се возеше непосредно пред стартот на трката за ГН на Италија.
Ботас пред овој настан направи промена на болидот, па и покрај првото место во оваа спринт-трка која е новост во Ф1 и ги менува квалификациите, ќе стартува како последнопласиран.
Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул и тој ќе ја преземе првата позиција на стартот. Третопласиран финишира Даниел Рикардо од Мекларен, потоа следеше неговиот клупски колега Норис, додека Луис Хамилтон среќно заврши како петти поради лошиот старт.
Трката за ГН на Италија се вози на патеката во Монца утре (недела) во 15:00 часот.