Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше сериозни проблеми во третиот сет од финалето на Србија опен да стои на теренот и се гледаше неговата исцрпеност.
Србинот загуби од Андреј Рубљев пред навивачите во Белград, а по мечот им се извини бидејќи не можеше да даде поголема борба во третиот сет, кој заврши без освоен гем.
– Штета што останав без енергија во третиот сет и не успеав да дадам поголема борба. Честитки за Андреј кој долго време е на врвот на машкиот тенис. Она што треба да го кажам е дека сум уморен. Можев да бидам елиминиран уште во првото коло. Зад мене имам три тешки меча во три сета и тоа ќе ми помогне да ја продолжам сезоната. Барем оваа елиминација дојде на четвртиот меч, а не на првиот како во Монте Карло. Париз е целта и се надевам дека ќе бидам подготвен – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата по финалето.
Тој не сакаше да зборува за болеста, но рече дека е загрижен бидејќи немал проблеми во претходните сезони.
– Не е ковид, тоа е нешто друго. Не сакам да навлегувам во детали, не е потребно. Тоа влијае на моето тело и метаболизмот веќе неколку недели. Малку е загрижувачки што го имам ова чувство на теренот бидејќи го немам долги години. Тренирам, правам работи што отсекогаш сум ги правел и се сметам за некој кој е во најдобра форма на турнирот. Од недела во недела ќе биде се подобро и подобро” – дополни Ѓоковиќ.